Во рамки на хуманитарната акција која ја организираа учениците од гимназијата Св.Климент Охридски, по иницијатива на професорката по италјански јазик, Милијана Машановиќ и општинскиот Црвен Крст, собрани се 250 килограми тестенини.

Акцијата беше организирана по повод новогодишните и божиќните празници и е насловена: ” Сите наши сограѓани заслужуваат божиќен ручек”.


Се донираа тестенини, избрани како производ поради нивната поврзаност со Италија, италијанскиот јазик, но и поради подолгиот рок на траење и достапната цена.


Донациите од храна (тестенини) ќе бидат наменети за лицата со попреченост од дневните центри Порака и Добротољубие, како и за социјално загрозените семејства. Освен учениците и професорите, во акцијата се вклучија и повеќе фирми и неколку поголеми маркети од Охрид и Струга.

OhridNews