Над 70 собрани единици крв е резултатот од денешната крводарителска акција која ја реализира општинскиот Црвен крст во соработка со Студентскиот дом “Никола Карев”-Охрид,  а со техничка поддршка на Одделението за трансфузиологија, во паркот пред студентскиот дом.


Крв даруваа над 50 гости од Друштвото на крводарители “Даме Груев” од Скопје, но и над 20 охриѓани и студенти.


 – Задоволни сме од одзивот на денешната акција, особено што се пријавија и студентите од домот, изјави по завршувањето на акцијата претседателот на општинскиот Црвен крст, Сашо Точков.

OhridNews