Пролетната акција која ја организираа општина Охрид, Ј.П. „Охридски Комуналец“ и основните училишта на територијата на општина Охрид  беше успешно реализирана. Во акцијата покрај големиот број ученици беа вклучени и  родители кои дадоа допринос во успешната акција за расчистување на школските дворови и просторот околу училиштата.


Се расчистуваше  и просторот кај плажата Грашница , поширокиот појас околу школото во населбата Далјан крајбрежниот појас и плажите во .Пештани и на потегот од населба Лагадин до Пештани, крајбрежниот појас во туристичката населба Свети Стефан (плажи кои не се дадени под концесија) и други локации.


Екипите на “Паркови и зеленило” во зелениот појас низ целата должина на “Булевар Туристичка” засадија 70 украсни оформени садници од сопствено производство: пироканта, вибурнум и берберис. Во засадувањето учествуваа и членовите на Советот на Општина Охрид.

Од страна на Комуналец беа поделени кеси за собирање на отпад и заштитни ракавици, а собрани се 120 кеси отпад.

OhridNews