Акцијата за подигнување на кабаст отпад која Ј.П.”Охридски Комуналец” ја организираше вчера во Горна влашка маала наиде на голем одзив кај граѓаните кои живеат во овој дел од градот , при што беа подигнати 6м3 кабаст отпад.

Како што информираат од јавното претпријатие и во наредниот период ќе продолжат со вакви акции низ различни делови од градот, за што граѓаните ќе бидат благовремно известени преку информативните гласила и електронски медиуми.

Во пролетниов период, кога сите ги средуваат своите домови, ваквите акции се одлична можност за граѓаните да се ослободат од стара покуќнина и друг кабаст отпад, потенцираат од ЈП Охридски комуналец.

OhridNews