Од Црвен крст Струга информираат дека успешно завршила денес спроведената акција за евакуација на едно лице од струшко Буринец, кое морало да го напушти селото поради лошите временски услови и отсеченост со останатите места во општината.

Од Црвен крст Струга велат дека лицето Јован Дускоски, пензионер, кој морал да го напушти домот, привремено е сместен во монтажен објект.

Во акцијата учествувале и ДСЗ, МВР и Здравствен дом Струга.

OhridNews