– Во два дена презентиравме неколку опции во нападот, а покажавме како се игра и одбрана на истите. Голема благодарност до Македонската федерација која се реши со мене да ја одработи првата „Тренерска клиника“ во Македонија и до репрезентативците до 18 години кои беа одлични презентери на моите идеи – рече Обрадовиќ.
Димитрис Итудис помошникот на Обрадовиќ од годините минати во Панатинаикос беше задоволен од „Тренерската клиника“ и фасциниран од убавините на Охрид.
– Покрај работата во „Тренерската клиника“ во Охрид имав можност да се одморам и да ги разгледам убавините на овој град. Најмногу ме радува фактот што мојот живот додадов пријатели кои секогаш ќе ме пречекаат со отворени раце – посочи Итудис.
Со прикладни награди Претседателот на кошаркарската федерација им се заблогадари на трите гости во „Тренерската клиника“ и рече – Ние сме мала федерација, но со широки погледи. Гостувањето на Обрадовиќ, Итудис и Крумп дополнително ќе ни отвори можности и ќе направиме се оваа манифестација да прерасне во традиција.
Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ направи се да го престави Охрид како добар домаќин, а директорот Иван Цветкоски им додели награди и најави дека ќе продолжи да се ангажира за развојот на спортот во градот заштитен од Унеско.