Министерството за локална самоуправа информира дека Уставниот суд ја отфрлил иницијативата и потврдил дека свечените изјави на конститутивната седница, членовите на советите на општините ги даваат и ги потпишуваат со уставното име на државата.
Со отфрлањето на иницијативата, Уставниот суд го потврди мислењето на Министерството за локална самоуправа доставено до општините дека свечените изјави на конститутивната седница, членовите на советите на општините ги даваат и ги потпишуваат со уставното име на државата. Со ова и формално се потврдува дека одбивањето на некои членови на општинските совети свечената изјава да ја дадат и да ја потпишат со уставното име на државата е спротивно на Уставот на Република Северна Македонија и на законот за локалната самоуправа, велат од Министерството за локална самоуправа.

Иницијативата беше поднесена за оценување на уставноста на деловите од Законот за локалната самоуправа каде што стојат зборовите „Република Македонија“, информираат од Министерството за локална самоуправа.
OhridNews











