Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови донесе одлука за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година. Оваа одлука, како што велат од Судот, произведува правно дејство по денот на објавувањето во „Службен весник на РМ“.
– Судот со мнозинство гласови донесе одлука за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година. Наредниот период како конечна одлука ќе биде објавена и на веб-страницата на Уставниот суд, велат од Судот.
Деталното образложение за Одлуката, како што додаваат од Судот, ќе биде достапно и за правната фела и за сите заинтересирани да ги видат уставните аргументи за укинувањето на предметниот закон од 2009 година.
Иницијативата беше поднесена од адвокатот Ристо Китески од Охрид.
OhridNews
извор Телма