Уставните судии денеска ќе расправаат за Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.
Иницијативата ја поднесе пратеникот на ДУИ Талат Џафери, откако лидерот на неговата партија Али Ахмети најави дека има решение за надминување на политичката криза.
Со евентуалното прифаќање на оваа иницијатива би се поништила одлуката за распуштање на Собранието, а тоа ќе значи дека пратениците ќе може да заседаваат за поништување на решението за предвремени парламентарни избори и за аболицијата на претседателот на државата.
За изборите на 5 јуни поднесена е само една кандидатска листа, на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски досега неколку пати изјави дека нема уставна можност да го свика Собранието.
OhridNews