Уставниот суд нема да ја разгледува иницијативата за оценување на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов кој помилува 56 лица, поранешни и актуелни функционери и нивни соработници. Судот на денешната седница ја отфрли иницијативата бидејќи претседателот ја повлече одлуката за аболиција и со тоа, таа повеќе не е во правниот поредок.

Претседателот на јпрвин на 27 мај ја повлече аболицијата за политичарите, а на 6 хуни и за останатите лица во одлуката за аболиција. Поради аболицијата беа прекинати сите истражни и предистражни постапки на Специјалното јавно обвинителство кои се однесуваа на помилуваните лица.

OhridNews