Уставниот суд не може да креира нова правна ситуација, кога тоа не го направил законодавецот. Уставниот суд ја цени содржината на одредбите, а не тоа што го нема и покрај тоа што е неспорно дека постои правна празнина, бидејки не се предвидени механизми, што да се прави кога локалните избори не можат да се одржат во законските рокови, одложувањето може да го направи само законодавецот.
Од тие причини, судијата известител Елена Гошева предложи на денешната седница на Уставниот суд да не се поведе постапка по двете иницијативи со кои се оспорува членот 35 став од Законот за локална саноуправа, како и членот 16 став 1 од изборниот законик, кој се однесува на рокот на одржување на изборите, а тоа е првата половина на мај. Подносители на иницијативите се Светскиот македонски конгрес и Министеството за локална саноуправа.
Мандатот на градонацалиците и советниците истекува на 15 мај.
Во тек е расправа околу неможноста за исплата на субвенциите. Одлучувањето по овие точки ќе биде на затворена седница, по завршување на дневниот ред.
OhridNews
извор Макфакс