Организацискиот комитет на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024 го усвои проектот за церемонијата на свеченото отворање, која за прв пат во историјата на олимпизмот нема да се одржи на стадион, туку на реката Сена во самиот центар на француската престолнина.

За присутните на церемонијата крај реката Сена ќе бидат поставени монтажни трибини и гледачите ќе мораат да платат влезници, додека на Трокадеро публиката ќе има бесплатен пристап до церемонијата.
Поради опасност од можни терористички напади, како што јавија локалните медиуми, француските власти надлежни за безбедноста сакаат да го ограничат бројот на гледачи на 250.000 луѓе, додека организаторите и локалната власт во Париз целат кон церемонија од отворен тип за околу два милиони гледачи.
OhridNews










