Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз вчеравечер едногласно ја усвои „Стратегијата за идно делување на СДСМ“, пишува во краткото соопштение на официјалната партиска веб-страница.

Централниот одбор на партијата едногласно одлучил да ги исклучи од членство Солза Грчева и Љубица Буралиева поради непочитување на одлуките на највисоките органи и тела на партијата.

-Во сите дискусии во текот на вечерашната дебата на Централниот одбор беше потврдена цврстата решеност за спроведување на ставовите донесени на Конгресот на СДСМ, пишува во партиското соопштение.

OhridNews