
Лилјана Поповска во знак на протест не гласаше за законите. Ова според неа не е начин на кој треба да се однесува и да работи Собранието. Во досегашното парламентарно искуство Поповска не памети толку многу закони по скратена постапка да се донесат за само еден ден.
За СДСМ носењето закони е симптоматично. Најавија дека ќе спроведат нивна ревизија.
Собранието за само една недела усвои над 250 закони по скратена постапка. За дополнителни нови ќе се расправа и на утрешните собраниски комисии.
OhridNews
Извор:„Телма“












