Под мотото „Реткоста е сила, а заедништвото е нашата најголема моќ“ Здружението на граѓани со ретки болести „Ретко е да си редок“ – Охрид ќе го одбележи Денот на ретките болести.

Подготвивме богата програма исполнета со песна, танц и креативност, посветена на нашите сограѓани со ретки дијагнози. Присуството на граѓаните ќе биде значаен придонес во подигнувањето на свеста за ретките болести и давањето поддршка на оние на кои им е најпотребна, посочуваат од Здружението.

Сите присутни – учесници и публика – ќе имаат можност да ги обојат своите дланки и да остават отпечаток на голем банер како симбол на поддршка, љубов и прифаќање.

Настанот ќе се одржи утре, 28 февруари 2026 година, со почеток во 12:00 часот во Охрид Мол.

OhridNews