Општина Охрид го прогласи утрешниот ден за „Ден без автомобили“, а повод  Европската недела на мобилност што се одбележува од 21 до 27 септември. Годинашна тема на настанот е  „Меѓугенерациска правичност“.

За таа цел Локалната самоуправа  во соработка со СВР Охрид организира велосипедско дефиле кое ќе се одвива по градските сообраќајници. Во периодот од 11 до 13 часот  велосипедското дефиле ќе започне од кеј „Македонија“ пред хотел Палас и ќе се движи од кеј „Македонија“ продолжувајќи по ул. „АСНОМ“ се до пресекот со ул. „Партизанска“. Дефилето продолжува по ул. „Партизанска“ се до пресекот со ул.„Кузман Јосифовски“ и завршува на кеј „Македонија“, информираат од Општината.

Воедно упатуваат повик сите граѓани  масовно да се вклучат во оваа акција и барем еден ден во годината на работа да појдат без автомобили.

Во вторник оставете го автомобилот дома и уживајте во возење велосипед, тротинет или пешачење, знаејќи дека ќе го направте вистинскиот потег за зачувување на чистиот воздух и чистата животна средина, порачуваат од Општина Охрид.

OhridNews