Утре 16-ти август е прогласен за ден на жалост во oпштина Вевчани, поради немилиот настан, во кој животот го загубија двајца жители на ова населено место, а уште двајца беа ранети. Со ова се откажани сите планирани културно уметнички, спортски и други активности во општината.
На локалните гробишта денеска беше погребан 23-годишниот Мате.Ѓ, а Владо.П (43), беше погребан во текот на вчерашниот ден.
Најавено е дека Советот на општина Вевчани во понеделник на 17-ти август ќе одржи комеморативна седница.
OhridNews