Под паролата „Сакаш да спасиш нечиј живот? Дојди и дарувај крв!“ утре во службата за трансфузиона медицина при ЈЗУ Општа болница Охрид ќе се организира гимназиска крводарителска акција од страна на Црвен крст од Охрид.

Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период нека биде мотив за сите хумани средношколци да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв и спасувајќи нечиј живот, велат од Црвен крст.

На акцијата претходеше мотивациска работилница за крводарители во ОСУ „Св.Климент Охридски“- Охрид на која присуствуваа 25 ученици од четврта година. Средношколците преку вежби и дискусија со волонтерите од Црвен крст Охрид, ги дознаа критериумите, мотивацијата и бенефициите на крводарителите.

Ние се надеваме на успешна крводарителска акција со многу хумани гимназијалци, а притоа изразуваме благодарност до Гимназијата на отворената соработка, велат волонтерите од Црвен крст.

 

Крводарителската акција ќе биде со почеток во 9:00 и ќе трае до 12:00 часот.

 

OhridNews