Утре истекува рокот за пријавување персонален данок
14.03.13 14:04
На 15-ти март, утре, истекува рокот до кој граѓаните треба да пријават дополнителни приходи и да платат данок за истите. Согласно законот персонален данок на доход за приходите од вршење на самостојна дејност треба да пријават: трговци-поединци и граѓаните кои остваруваат приходи од: стопанската дејност, давање професионални и други интелектуални услуги (нотари, адвокати, стоматолози…), занаетчиска дејност, земјоделска дејност и од други дејности чија трајна цел е остварување на приходи за остварената добивка или загуба од работењето за 2012 година.
Доколку даночниот обврзник, покрај приходите од вршење на самостојна дејност во 2012 година, остварил и други приходи, има обврска да поднесе и Годишна даночна пријава, образец ПДД-ГДП, информираат од УЈП.
На даночните обврзници кои нема да достават даночни пријави во законски предвидениот рок 15-ти март 2013 година, Управата за јавни приходи ќе им изрече глоба за сторен прекршок во износ од 500 до 1000 евра во денарска противвредност.
ОДВ Електрик како општествено-одговорна компанија денес донираше 10 персонални компјутери за потребите на учениците во ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ Со оваа донација им се овозможува на учениците да има...
Охрид има на што да се гордее: младиот тим „FixIt MK“, предводен од Дамјан Николоски, вечерва ја чека најважната одлука – дали ќе биде меѓу 20-те најдобри средношколски тимови во Македонија ш...
Градскиот плоштад во Охрид вчера беше исполнет со музика, позитивна енергија и детска смеа, откако стотици граѓани се приклучија на pop-up настанот „Чисто е убаво -Охрид селектира“, организиран од ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.