Организаторите на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“ потсетуваат дека утре, 13 јули, е последниот ден за пријавување на екипите што сакаат да бидат дел од годинашното издание на турнирот.

Сите заинтересирани екипи кои сè уште не се пријавиле можат тоа да го направат до крајот на утрешниот ден, по што ќе биде затворен списокот на учесници.

За пријавување и дополнителни информации заинтересираните можат да се јават на телефонскиот број 070/364-617 (Димитар).

Организаторите ги повикуваат љубителите на малиот фудбал навреме да го обезбедат своето место и да бидат дел од уште едно издание на турнирот „Велгошти 2026“, кој традиционално собира голем број екипи и публика.

OhridNews