Од СВР- Охрид ги информираат граѓаните да ги отстранат своите моторни возила од посочените улици и сообраќајници.
Сообраќајот по Булеварот ,,Македонски просветители“ од улицата „Партизанска“ до Градското пристаниште ќе се пренасочи по улицата „Партизанска“. Додека пак, сообраќајот од улицата „Коста Абраш“, ќе се пренасочи према улицата „Цар Самоил“. За сообраќај, целосно ќе биде затворена сообраќајницата на Кејот „Маршал Тито“.