На прес конференцијата ќе присуствува и директорот на ТАНЕЦ Зоран Џорлев – член на советот на Балкански фестивал.
Балканскиот фестивал на народни песни и игри, како Меѓународна фолклорна манифестација, е основана 1962 година. Првобитното име на фестивалот е ” Охридски фестивал на аматерските ансамбли на народни песни и ора”. Свеченото отворање, за прв пат, се одржало на 20 јули 1962 година на градскиот плоштад. Од 1967 година Фестивалот добива концепција на него да учествуваат вокално-инструментални состави и солисти кои ќе го презентираат автентичното народно творештво и традиционалната култура низ ората, игрите, песните, обредите, обичаите, народните носии, инструментите што се употребуваат во музиката и ракотворбите.