Утре, во организација на Битолската млекара, од 18 до 23 часот, на Градскиот плоштад ќе се одржи манифестација на која е предвидено дружење, забава, едуцирање и наградување.

За најдобрите предвидени се 10-те таблет-компјутери, а за другите учесници голем број утешни награди.

За забавниот дел ќе се погрижат: Тони Зен, Ламбе Алабаковски, Викторија Лоба, Ѓоко Танески, Виктор Апостоловски, диџеите на Антена 5 радио и церемонијал-мајсторот Ненад Георгиевски.

OhridNews