Во рамки на обуките за безбедност на вода и прва помош, што Црвен крст Охрид и Операција Флориан, Манчестер, Англија ги спроведуваат во втората половина на месец јуни со повеќе субјекти од Охрид и пошироко, во недела, 29-ти јуни, со почеток во 11 часот, на старото пристаниште во Охрид ќе се одржи заедничка показна вежба несреќа на пловен објект, спасување давеници и укажување прва помош.
Показната вежба ќе се реализира според соодветно сценарио, а ќе учествуваат единици на граничната-езерската полиција, припадниците на Територијалната противпожарна единица од Охрид и членови на единиците за безбедност на вода и планина при Црвен крст Охрид.
OhridNews