Утре се одбележува Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, воспоставен од Обединетите нации со цел промоција на родовата еднаквост и целосното учество на жените во науката, технологијата и иновациите.

Оваа година, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ со гордост го одбележува овој значаен ден, продолжувајќи ја традицијата на организирање настани што ги истакнуваат инспиративните жени од академската заедница, дипломатијата, јавните институции, индустријата, како и од редовите на студентите и алумни заедницата, велат.

Преку нивните професионални искуства и лични приказни, целта е да се поттикне дијалог, да се зголеми видливоста и да се охрабрат идните генерации жени и девојки да се вклучат и напредуваат во научните области, потенцираат од Универзитетот.

Настанот започнува во 11 часот и е отворен за сите заинтересирани граѓани, кои ја поддржуваат идејата за зајакнување на улогата и видливоста на жените и девојките во науката.

OhridNews