Од ЕВН Македонија информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците, утре, неколку населби и објекти во Струга од 9 до 13 часот ќе останат без снабдување со електрична енергија.

Станува збор за населбата Езерски лозја, зградите Бетон, ФОН Универзитетот, колекторот Сатеска, Бензиска пумпа 7 браќа, АС камп, зграда АВОН, салон за мебел Словенија Лес.

Денес, попладнево еден час без електрична енергија се и жителите на улица „Јабланица“ во Охрид.

OhridNews