Утре ќе има неколкучасовен прекин во водоснабувањето во стариот дел на Велгошти, најавуваат од ЈП Водовод Охрид.
Поради преприклучување на сите објекти на новата водоводна линија на улицата „Воденичарска“ во село Велгошти утре од 08:00 до 14:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето во стариот дел од село Велгошти, информираат од претпријатието.
OhridNews