Утре во периодот од 08.00 часот до 13.00 часот поради изведување на активности ќе биде затворена за сообраќај улицата „Кленоец” (во близина на касарната) информираат од ЈП „Охридски Kомуналец”.

Нашите екипи ќе постапат по решението бр.21-688 од Општина Охрид од Комисијата за преземање мерки и активности за отстранување дрвjа на подрачјето на град Охрид и ќе бидат отстранети две јасики од оваа локација, додаваат од претпријатието.

Од претпријатието упатуваат апел до граѓаните во горенадениот термин да ги користат околните улици.

OhridNews