Утре во 10 часот на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, Серкан Каптан, извршен директор на ТАВ Аеродроми заедно со Христијан Мицкоски, претседател на Владата и Александар Николоски, заменик претседател на Владата и министер за транспорт, ќе го означат отворањето на реконструираниот дел на аеродромот, по што ќе оддржат заедничка прес – конференција во новиот гејт на аеродромската платформа (безбедносно-контролирана зона на аеродромот).

Реконструкцијата опфати проширување на патничкиот терминал за 30 до 40 проценти, проширување на капацитетот на шалтерите за патници и багаж за 100 метри квадратни, проширување на зоната за безбедносна контрола на патници и багаж, проширување на административната зграда од 290 м2 на 700 м2, нов ресторан-кафетерија за вработените, нови канцеларии за Граничната полиција, Царинската управа, како и паркинг за вработените.

Инвестицијата за реконструкција и модернизација изнесува 2,7 милиони евра.

Модернизацијата на охридскиот аеродорм е за прв пат од неговата изградба и очекувањата се истата да придонесе за зголемување на капацитетот на патници и бројот на нови авиолинии.

OhridNews