Утре со почеток во 19.30 часот на игралиштето Стобекс најмаладите ќе можат да уживаат во предновогодишна забава на која ќе има „Пакетчиња за сите дечиња“.
Настанот ќе биде многу интересен. Имаме многу изненадувања кои остануваат тајна до утре, поклони, како и забава со диџеј. Ги покануваме сите деца да дојдат да си добијат по едно пакетче, вели Wik Kakarotski.
Целта на оваа акција за делење на пакетчиња е да се усреќат што повеќе дечиња пред се децата од семејства од социјален ризик на територијата на Охрид и околината за да ја почувствуваат магијата на Новата година и да се израдуваат, додава Kakarotski.
Напоменува дека вчера и денес пратиле некаде околу 100 пакети по 15 пакетчиња низ цела Македонија, а за утрешниот настан во Охрид остануваат уште некаде околу 2000 пакетчиња. Со ова годинава ќе има трипати повеќе детски насмевки од минатата година.
Н.С.Ј.













