37. Поетска ноќ во Велестово почнува утре и ќе трае до 17 август на локации во Велестово и Охрид. Годинава поет во фокусот е Андреј Ал Асади, млад поет кој со своето досегашно творештво зазеде видно место во современата македонска поезија.

Во рамките на интернационалниот дел од фестивалот ќе настапат поети од Ирска, Азербејџан, Хрватска, Романија и Бугарија. Седум македонски поети со своето творештво ќе ги презентираат најновите текови во современата македонска поезија.

На традиционалната ликовна изложба во тремот на црквата „Успение на Св. Богородица“ ќе се претстави уметникот Стефан Младеновски, а музичкиот дел ќе го пополни Игор Климоски, музичар од Велестово.

Во рамките на фестивалот ќе бидат промовирани книгите „Зебрано“ од хрватскиот поет Мирослав Кирин и „Како сон“ од Фарид Хусен, поет од Азербејџан, како и најновиот број на списанието „Глаголи“.

Настаните започнуваат во 21 часот на сретсело, пред старата чешма во Велестово.

OhridNews