Манифестацијата „Денови на мед“, што традиционално се одржува во организација на општина Охрид, Сектор за туризам и ЛЕР, ќе започне утре и ќе трае до 7 август.

Манифестацијата ќе се одржи на плоштадот кај Чинарот, а посетителите ќе имаат можност повеќе да се запознаат и да го вкусат медот како и да се информираат за останатите пчеларски производи.

Манифестацијата ќе започне во 17 часот.

OhridNews