Утре и задутре во охридското село Велестово по 24 пат ќе се одржи културната манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, која годинава е посветена на творештвото на познатиот македонски поет, есеист, критичар и преведувач, Раде Силјан.
Во рамки на првата национална вечер, посетителите ќе имаат можност да видат и околу 20 дела на познатиот сликар Васко Ташковски кои ќе бидат изложени во црквата во Велестово и Центарот за култура.
Втората, интернационална вечер ќе може да се чуе поезија на гостите поети од Албанија, Бугарија и Босна и  Херцеговина.
OhridNews