Од утре до 26 август во организација на ГРК Охрид, а под покровителство на Општина Охрид, во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одржи второто издание на меморијалниот турнир во ракомет „Крсте Андоновски“ со меѓународен карактер.
Учествуваат осум екипи, меѓу кои учесници во Лигата на шампиони и СЕХА лигата, како и актуелни шампиони на своите држави, распоредени во две групи.
Екипите „Охрид“, „Бешикташ“, „Голден Арт“, „Еурофарм Пелистер“, „Бутел“, „Олимпијакос“, „Металопластика“ и „Татран Прешов“ ќе ги играат во четири термини, од 11, 13:15, 18 и 20:15 часот.

Снимки од натпреварите ќе се емитуваат секој ден на МТВ 3, после 22 часот.
OhridNews












