Зимата во Македонија и на северната хемисфера на Земјата ќе почне утре во 11 часот 44 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне летото. На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Охрид ќе изгрее во 6 часот и 58 минути,  а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денот ќе трае 9 часа и 7 минути.

Метеоролозите за првиот зимски ден најавуваат сончево и студено време со слаб ветер. Минималната температура во Охрид ќе биде до -4, а максималната до 4 степени над нулата.

OhridNews