Утре во периодот од 7:30 до 16 часот ќе има прекин на водоснабдувањето на улиците „Димитар Влахов“ , „Мите Богоевски“, дел од улицата „Партизанска“ , „Климент Охридски“, „Цар Самоил“, „Самоилова“, „Коста Абраш“, „Петар Чауле“, дел од улицата „Климентов Универзитет“ до пресекот со „Нада Филева“, „11-ти октомври“, „Охридска Архиепископија“ , долниот дел од „Илинденска“ и „Кеј Маршал Тито“.
Како што информираат од МЈП „Проаква“, прекинот ќе биде поради приклучок на главната водоводна линија.
OhridNews