Во организација на Центарот за култура „Григор Прличев“ , утре, со почеток во 20 часот, во големата сала, ќе се оддржи концерт „Радост моја, Христос Воскресе“.

Во музичкиот проект учестуваваат составот „Портал“, Ангеле Михајловски на пиано, Сашко Петрев на тамбура, Стојанче Наумовски на вилончело, како и Елена Владимирова и Драгана Трифуновиќ на виолина.

Специјален гостин на концертот ќе биде актерот и рецитатор Раде Рогожаров, а автор на проектот е м-р Марјан Јанкоски.

OhridNews