Утре ќе се одржи промоција на виртуелната реконструкција на римската гробница од Видобишта во Охрид. Проектот го реализира Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина Регионален зелен центар Охрид во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид.
Во рамки на овој проект претходно беше извршено теренското документирање по што следеше кабинетска обработка на материјалот до добивање на финален продукт идејна виртуелна реконструкција на гробницата и изработка на макета од истата.
Идејната виртуелна реконструкција ќе биде јавно достапна на електронските медиуми, додека пак, макетата ќе биде поставена во просториите на Музејската зграда „Куќа на Робевци“, информираа претходно од НУ Завод и Музиеј Охрид.
Проектот е финансиран од Општина Охрид согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2022 година.
Настанот ќе се одржи со почеток од 14:00 часот во дворот на Културниот центар Лапидариум во музејската зграда Куќата на Робевци.
OhridNews













