Во рамките на Проектот „Културата расте во децата”, утре 04.06 (среда) во 10 часот во ООУ “Св. Наум Охридски” ќе биде промовирана едукативната книга за деца „Девојчето Ена и волшебната четка за заби” од д-р Кристина С. Алоска. Промотор на истата ќе биде Проф. Валентина Рубаноска.

Со драматизација на сегменти од книгата ќе настапат учениците, членови на драмската секција раководени од наставничките Виолета и Марина.

Промоцијата ќе биде збогатена со поуки за негување и превенција на оралното здравје од страна на д- р Алоска, која инаку е Доктор на стоматологија.

Издавањето на оваа книга е поддржано од Општина Охрид.

OhridNews