Утре, четврток, од 12.00 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана првата книга од професорката по економија м-р Ирена Бандилова „Основи на сметководство (теоретски и практичен дел).

Оваа книга претставува спој на стручност, посветеност и искуство. Таа е резултат на потребата за литература и преку нејзината содржина не само што ги објаснува основите на сметководството, туку нуди реални ситуации и решенија; велат во соопштението од НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Книгата, посочуваат, е погодна за учениците во економските паралелки и сметководителите и на некој начин претставува азбука и водич низ сметководството.

Промотор ќе биде м-р Ивана Милеска.

OhridNews