Во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре – петок од 17 часот ќе биде промовирана најновата поетска книга од Љубица Петреска – Чифлигароскан од Охрид со наслов„ Поезија извор од душата“.

Стихозбирката е лепеза од песни со разни теми испреплетени со емоции и чувства а доминира љубовта од секој вид. Книгата е отпечатена со финансиска поддршка на Општина Охрид.

На настанот ќе говорат рецензентот проф. д-р Менде Солунчевски и промоторката Билјана Солунчевска.
Песни од стихозбирката пред присутните ќе читаат Ана Цонева и Јана Диданова, членки на библиотекарската секција од ООУ „Григор Прличев“ предводени од професор Наташа Митреска, како и гимназијалците Матеј Маркоски и Надица Тасеска.

Авторката Петреска – Чифлигароска на неколку основни училишта и на библиотеката ќе им врачи благодарници и примероци од стихозбирката.

OhridNews