Двегодишнината од големата бродска несреќа на Охридското Езеро во која животите  ги загубија 15 граѓани на Р.Бугарија, ќе биде одбележана утре со церемонија во спомен на жртвите од трагедијата што ја  организира Здружението на граѓани “5-ти септември”.

Одбележувањето ќе започне во 9 часот и 30 минути во црквата “Св.Никола-Геракомија” со помен за  загинатите од бродот „Илинден“, а во 10 часот ќе биде положено и свежо цвеќе  на Спомен-плочата на жртвите на бродската трагедија во градскиот парк.

OhridNews