Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека утре, 30 септември, со почеток во 9 часот, во катедралниот храм „Света Софија“, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „ Светите маченички Софија, Вера, Нада и Љубов“.
На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
OhridNews