Според прогнозата на синоптичарите, утре се очекува опаѓање на температурата на воздухот за речеси десет степени. Времето во Охрид ќе биде променливо со повремени врнежи од дожд и грмежи и свежо, со максимална температура од 21 степен и минимална од 12 степени. Во среда повторно се очекуваат повремени врнежи од дожд и темепратура до 24 степени.

Од четврток ќе дојде до стабилизација на временските прилики и повторно сончево и пријатно време со максимална температура од 26 до 28 и минимална температура од 12 до 14 степени.

OhridNews