Во малата црквичка посветена на Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж во населбата Лагадин крај Охрид, утре, ќе биде одбележан празникот посветен на великомаченичката Софија и нејзините ќерки. 
По традиција на овој ден во Лагадин доаѓаат тие што ги носат имињата на маченичките, како и голем број верници.
Богослужбата ќе почне во 12.30 часот.
Црквата во Лагадин во  2000 година ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче, од кога започнува оваа убава традиција. Парите кои верниците ги оставаат во црквичката, тој ги донира за помош на болните и изнемоштени лица, и во други хуманитарни цели.
OhridNews