Од општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје информираат дека Министерството за транспорт и врски  во соработка со Министерството за здравство, утре, понеделник   на 14 јули, ќе се врши авионско запрашување против комарци. Запрашувањето, почнувајќи од 5 часот  до 8.30 часот  ќе се одвива на површина од 1.500 хектари и тоа на  крајбрежието на потег од село Подмоље до манастирот Св. Наум и територијата на град Охрид.

Поради запрашувањето против комарци, се известуваат пчеларите утре ,  да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита. Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.

Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период .

OhridNews