Според прогнозата на синоптичарите денес во Охрид ќе биде облачно со повремени врнежи од снег и дневна температура од -6. Во текот на вечерта ќе биде уште поладно, температурата ќе падне до -17 степени целзиусови. Особено студено ќе е во текот на утрешниот ден. Ќе имаме сончево време, со максимална температура -11, а минимална -19.

Слично време не очекува и во недела. Времето ќе биде сончево со повремено наоблачување и максимална темепратура од -9, а минимална -16.

Денес и утре ќе дува засилен ветар од северо источна страна, чиј интензитет ќе се намали во недела.

OhridNews