Од утре стартува новата 2014/ 2015 учебна година за околу 280 илјади ученици во основните и средните училишта. Во новата учебна година според статистичките податоци во училишните клупи за прв пат ќе седнат околу 20 илјади првачиња.
Студентите, пак, стартот на академската година ќе го одбележат на петнаесетти септември.
Пред почетокот на учебната година во Охрид беа преземени низа активности за подготовка на училишните згради и дворови, како и превентивни мерки за заштита од зараза на жолтица.
OhridNews