
Светскиот ден без автомобили треба да биде пример колку нашите градови можат да изгледаат убаво и сите да се чуствуваат пријатно и без нив. Светскиот ден без употреба на автомобили е совршено време да се подзастане со глобалното затоплување и со загадувањето на нашата планета и да се даде приоритет на пешачењето, велосипедизмот и јавниот транспорт, велат од ОСБСП.
За таа цел, од страна на советот за безбедност на сообраќајот и градоначалникот Александар Петрески испратени се соопштенија до сите јавни претпријатија, локалната самоуправа и образовните институции- вработените да се воздржат од користење автомобили на 22- ри септември, односно нивната употреба да биде сведена на најмала можна мера, освен во исклучителни случаи кога тоа е неопходно.
ОСБСП апелира до охридската јавност доколку имаат можност, утре да го избегнат користењето на нивните автомобили што ќе биде нивен придонес кон одбележувањето на денот. Од 10 до 13 часот улицата “Кеј Маршал Тито” од кружниот тек на пристаништето до пресекот со улицата “Јане Сандански” ќе биде затворена за автомобили.












