Од 2000 година, 22- ри септември во светот се одбележува како Меѓународен ден без автомобили.

Целта е да се подигне јавната свест кај населението за заштита на животната средина и безбедноста во урбаниот сообраќај.

Во голем број градови, на 22- ри септември, наместо автомобили се користат други алтернативни превозни средства со цел да се намали моторниот сообраќај, барем за еден ден.

Па така, охриѓани, обидете се барем во текот на утрешниот ден наместо своето возило да го земете велосипедот или пак пеш да стигнете до саканата дестинација во градот.

OhridNews